Турнирот во кошарка 3х3 предводен од младите промовира меѓукултурен дијалог во Куманово
август 12, 2024

Вибрантната атмосфера на турнирот во кошарка 3×3, кој се одржа во Соколански парк, го олицетвори духот на заедницата и младинскиот активизам во Куманово. Во организација на Младинскиот центар МултиКулти како дел од проектот „PRECYOUS – Спречување на екстремизам и радикализацијата кај младите преку спорт“, овој настан го одбележува активизмот на младите на локлано ниво.

Турнирот, кој се одржа на 21 јули 2024 година, имаше за цел да го поттикне меѓукултурниот дијалог, да го негува спортскиот дух кај младите и да ја подобри нивната физичка и ментална благосостојба. Ваквите иницијативи се клучни во Куманово, охрабрувајќи ги младите активно да се вклучат во конципирањето, организирањето и учеството во настани од ваков карактер.

„Овој турнир не претставува само натпревар во кошарка; туку претставува и настан за градење мостови меѓу заедниците и зајакнување на нашите млади да превземаат активни улоги во обликувањето на нашето општество“, рече Нами Исаки, извршен директор во Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) – Куманово.

Настанот беше посетенен од голем број на млади ентузијасти кои земаа учество на турнирот, зајакнувајќи ја посветеноста на заедницата за културна различност и активно граѓанство. Преку спортски и локални активности, турнирот го прикажува позитивното влијание на иницијативите предводени од младите во промовирањето на социјалната кохезија и индивидуалниот развој.