Во среда, 18 октомври 2023 година, општина Липково прослави значајна пресвртница со свеченото отворање на Социјален Младински и спортски центар. На настанот присуствуваа повеќе од 150 учесници, што го одразува ентузијазмот и поддршката на заедницата. Отворањето се одви во културниот центар на селото Матејче, каде една од просторите на овој културен центар ќе се користи за целите на младинскиот и спортски центар. Социјален младински и спортски центар во Липково е основан во контекст на проектот насловен “Подржување на позитивен развој на младите и инклузивни заедници преку моќта на спортот PRECYOUS” кој е финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Центарот за социјална акција и иновации – KMOP (Грција) и Центарот за интеркултурен дијалог – ЦИД.
Церемонијата на инаугурација започна со срдечен говор на г-дин. Нами Исаки, извршен директор на Центар за интеркултурен дијалог. г. Исаки ја изложи мисијата и визијата на Центарот, нагласувајќи ја својата посветеност на зајакнување на младите од општината Липково. ” Овој Младински Центар не е само објект; туку е иветување за нашите млади луѓе. Оваа ќе биде место за нив да учат, да се надоградуваат и да сонуваат”, рече г. Исаки.
Hapja e Qendrës Social për Rini dhe Sport shënon një arritje madhore për komunitetin, veçanërisht pasi është i pari i këtij lloji në një zonë rurale në Maqedoninë e Veriut. Ky moment historik pasqyron përkushtimin e Bashkimit Evropian për t’u ofruar të rinjve një hapësirë për edukim, kreativitet, aktivitet fizik, mentorim dhe angazhim në komunitetit dhe në të njëjtën kohë thekson sinergjitë me autoritetet lokale si Komuna e Likovës për të sjellë iniciativa të tilla në jetë.
Приклучувајќи се на настанот, г-ѓа Ивана Стојчевска, генерален секретар на ЦИД, ја пофали иницијативата и го повтори значењето на таква иницијатива за негување на таленти и промовирање на вклучување на младите во заедницата.
Настанот беше поздравен од градоначалникот на општина Липково, г. Еркан Арифи, претседател на Советот на општината Липково, заменик-директор на Агенцијата за млади и спорт, сите директори на локалните основни училишта и гимназијата во Липково, и други релевантни засегнати страни и партнери.
Отворањето на Социјалниот младински и спортски центар претставува историско достигнување за заедницата, особено бидејќи е прв од ваков вид во рурална област во Северна Македонија. Оваа пресвртница ја отсликува посветеноста на Европската унија да им обезбеди на младите простор за образование, креативност, физичка активност, менторство и ангажман во заедницата и во исто време ја нагласува синергијата со локалните власти како што е општина Липково за да се оживеат ваквите иницијативи.
Со различни можности за локалната младина да учи, да се развива и да напредува, Центарот за социјална акција за млади и спорт во општината Липково ќе биде светилник на надеж. Неговото отворање го отвора патот за подобра иднина во соседството и ја илустрира ефикасноста на групните напори во донесувањето значајни промени.